4.8 C
Скопје
21:11 - 11 март, 2026

Бизарни детали за еден од најпознатите холивудски парови!

„Елен и Порша се мултимилионерки кои живеат во меур. Губат контакт со реалноста и се повеќе се ексцентрични“, вели изворот.

Елен Деџенерис и Порша де Роси се заедно уште од 2004 година, а се венчаа 4 години подоцна. За тоа време стекнаа имиџ како еден од најскладните парови во светот на славните, но во последно време се почесто може да се слушне дека нивниот однос не е како што бил порано.

Profimedia

Всушност, еден период се шушкало дека Деџенерис и Де Роси се пред развод, за што наводно била крива Елен и нејзината потреба да контролира се и биде главна. Актерката и водителката тогаш не се огласиле, а после некое време на нивните раце повторно заблескале бурмите и се изгледало во ред.

Сепак, нивното секојдневие е далеку од вообичаеното, сега тврди извор близок на парот, а се побизарното однесување на Елен прети повторно да се наруши нивниот однос.

Profimedia

Како што пишува магазинот InTouch, за да го одржат својот брак, Порша и Елен имаат невообичаени ритуали како што се „заветот на молчење“ и „строги правила кои подразбираат да јадат со раце наместо прибор за јадење и избегнуваат да јадат со други“. 

Изворот тврди дека парот живее во „свој изолиран свет“, а наводно Елен од својот живот ги исклучила блиските пријатели со кои се дружела со години.

Profimedia

Сепак, тоа не е се – парот неодамна се договорил да се пензионира и пресели во Австралија, но Елен најавила дека ќе продолжи да го снима своето шоу до 2022 година.

„Елен се заколна дека ќе даде отказ за да се преселат. Таа им рече на сите свои пријатели дека се радува што ќе се пензионира“, вели изворот и додава дека Порша се чувствува изневерено, поради што некои нивни пријатели веруваат дека овој нивни брак нема да потрае долго.

Слични објави

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....