-1.2 C
Скопје
05:24 - 11 март, 2026

БИЛИ АЈЛИШ: Гледање порно филмови во детството ми го уништи мозокот и ми направи кошмари

били ајлиш

Во подкастот „SiriusXM“ на Хауард Стер, Били Ајлиш(19) опиша како на 11-годишна возраст имала кошмари откако била изложена на насилна порнографија, пренесува „Би-Би-Си“.

Ајлиш изјава дека од оваа перспектива е длабоко вознемирена од влијанието на искуството и дека тоа ја навело да „не кажува не, на работи што не биле добри“ кога почнала да има секс.

„Тоа беше затоа што мислев дека тоа е она што треба да ме привлече“, рече таа.

Темата за порнографија се појави во интервјуто, бидејќи се споменува во песната „Male Fantasy“, на нејзиниот албум „Happier Than Ever“.

Ајлиш особено го критикуваше начинот на кој порнографијата ги прикажува женските тела и сексуалните искуства.

„Не разбрав зошто тоа е лоша работа – мислев дека така се учиш како да имаш секс“, рече Ајлиш за гледањето, додавајќи дека нејзината мајка била „згрозена“ кога ѝ кажала.

Пејачката верува дека гледањето на содржината додека била толку млада и го „уништило“ мозокот и ја натерало да трпи кошмари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Ајлиш рече дека е „вистински проблем“ што порнограгијата прави дисторзија за тоа што е нормално за време на сексот, вклучително и околу согласноста.

Ставот го повторуваат и експертите кои се фокусираат на благосостојбата на децата, вклучително и УНИЦЕФ, кои велат дека изложувањето на порнографија на млада возраст може да биде штетно. Тие велат дека порнографијата која прикажува навредливи и мизогински дејствија може да доведе до нормализација, како и до лошо ментално здравје и други негативни исходи кај децата.

БИЛИ АЈЛИШ ПРОЗБОРЕ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Да не бев вакцинирана, ќе умрев

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....