9.8 C
Скопје
12:59 - 31 март, 2026

Бијонсе води со девет номинации на Греми наградите

Epa

Кралицата на поп музиката води со девет номинации за овогодишните Греми награди, вклучувајќи ја и онаа за песна на годината.

Британската пејачка Дуа Липа, Американската Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации.

Со 39 години Бијонсе има веќе освоено 24 Греми награди.

Добитните ќе бидат прогласени на 31 јануари 2021 година.

Свифт и Дуа Липа ќе се натпреваруваат за најважната награда – албум на годината, заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, Хаим, Џејкоб Кулиер, Блек Пума и Џене Аико.

Бијонсе своите номинации ги заработи најмногу благодарение на песната „Black Parade“ која ја слави афроамериканската култура и активизмот, која беше објавена за време на летните протести против расизмот и полициската бруталност кон Афроамериканците во САД.

„Black Parade“ ќе се натпреварува и за песна и видео на годината, заедно со „Don’t Start Now“ на Дуа Липа.

Албумот на Тејлор Свифт од карантинот „Folklore“ е номиниран за албум на годината, а „Cardigan“ за песна на годината.

Категоријата најдобар нов уметник ги вклучува номинациите кои ги добија раперката Меган Ди Сталион и Доџа Кат, како и Фиби Бриџерс.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....