На дванаесетгодишнината од смртта на Тоше Проески, секој на свој начин се присетува на човекот и пејачот кој со своите дела остави неизбришлива трага.
Бојан Маровиќ: Секој момент со Тоше вечно ќе го памтам
„Не можам да ви објаснам колку емоции секогаш проработуваат во мене кога ги пејам неговите песни. Се сеќавам на секој концерт, имав среќа да му бидам чест гостин на концертите ширум регионот. Едно знам, ѝ недостасува на музиката, им недостасува на фановите, на колегите, на пријателите… и секогаш ќе биде така. Затоа секој момент поминат со него вечно ќе го паметам“, напиша Бојан Маровиќ.
Тони Цетински: Те сакаме до последниот ѕдив
„Секоја година ни доаѓа тој ден, тоа утро како нешто што не сакаме да го дознаеме, да го слушнеме ни да го насетиме, но сепак немилосрдно доаѓа и нè потсетува колку сме кревки и како никогаш не знаеме што ни носи следниот ден. Многу е тешко еве веќе дванаесетта година да прифатам дека те нема тука… Благодарение на тебе, на твоето однесување, скромноста, делата, сигурен сум дека ангелите се тука со нас и во човечки облик. Мил Тоше, те сакаме до последниот здив.“, напиша Тони Цетински на Инстаграм.
Мирослав Рус: Еден единствен!
„Постојат луѓе кои и кога ќе заминат остануваат длабоко во нас. Тоше е еден од ретките за кои ми се чини дека остана не само во нас кои го познававме, туку и во оние кои го знаеја само по неговата работа. Токму ним им порачувам – не згрешивте, навистина беше посебен. Еден единствен!“, порача Мирослав Рус, авторот на песната „Игри без граници“.