20:54 - 11 ноември, 2026

Почина Зоки Шумадинац: Поранешниот учесник во реалното шоу „Задруга“ починал во сон

Поранешниот ријалити учесник и пејач Зоки Шумадинац починал од последица на срцеви компликации на 49-годишна возраст.

– Почина синоќа во сон. Заспал и не се разбудил. Имаше проблеми со срцето, доживеал срцев удар – рекол извор за српски „Курир“.

Зоки Шумадинац е роден на 8 август 1975 година во Австрија, а живеел во Горњи Милановац.

Зоки на јавноста ѝ стана познат по неговата песна наречена „Autotune“, која за само неколку недели достигна милион прегледи. Набргу потоа стана учесник во српското реално шоу „Задруга 3“, а потоа и во „Задруга 5“, но не се задржа долго.

Инаку, на Зоки му се слошило во една од сезоните на „Задруга“, а на сè сведочеле и задругарите кои повикале помош. Зоки тогаш почнал да се тресе и се фатил за главата, а набрзо ја напуштил Белата куќа за да му биде укажана помош. Имал проблеми со срцето и пред тоа веќе преживеал инфаркт.

Зоки Шумадинац зад себе има еден брак во кој доби син.

Слични објави

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо
Се вчитува....