19:54 - 1 ноември, 2026

Ова е вистинското име на Саша Ковачевиќ: Многумина се изненадени кога ќе го слушнат!

Еден од најомилените пејачи во регионот, Саша Ковачевиќ, ја започна својата успешна кариера во 2004 година, појавувајќи се на фестивалот „Сончеви скали“ во Херцег Нови со песната „Пекол и рај“, освојувајќи ги симпатиите на публиката уште од самиот почеток.

Благодарение на својот изглед и талент, Саша брзо стана миленик на женската публика, а распродадените концерти ширум Балканот само го потврдуваат неговиот статус.

Иако со години е присутен на сцената, својот приватен живот внимателно го чува подалеку од очите на јавноста. Ретко говори за своето семејство, како и за љубовната врска со девојката Зорана Тасовац. Затоа не изненадува што многумина се зачудени кога ќе дознаат како всушност се вика.

Имено, вистинското име на пејачот е Александар, но денес речиси никој не го нарекува така, а тој сам никогаш не го користи тоа име во јавноста.

За потсетување, Ковачевиќ своевремено гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде што отворено проговори за моментот кога ја изгубил невиноста.

– Јас имав седумнаесет години, а девојката петнаесет. Со неа бев во врска подоцна шест или седум години – изјави пејачот, по што се „зацрвени“ пред сите.

Слични објави

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.
Се вчитува....