19:19 - 30 јануари, 2026

Официјално: Јелена Карлеуша објави дека штотуку се развела од Душко Тошиќ по 16 години брак!

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Српската поп пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Душко Тошиќ со години не се во идилична врска, а за време на нејзиното претседавање со жирито на „Мис Србија“ изјави дека се во процес на спогодбен развод.

Јелена Карлеуша денеска објави дека и официјално се развела од Душко.

– Потпишав спогодбен развод по 16 години. Самa. Наспроти мене на фотографијата се мојот адвокат Милан Атељевиќ и овластениот адвокат на мојот досегашен сопруг кој не дојде. Не прашав зошто. Поради разни медиумски и социјални шпекулации, ќе додадам дека целиот заеднички имот (стекнат во бракот) се води на нашите деца, Атина и Ника. Старател на нашите деца сум јас. „Другата страна“ немаше поинаков предлог. Иако некои многу мудри велат дека за доброто на децата поранешните сопружници треба да бидат во коректни односи, јас веќе не сакам никаква поврзаност ниту контакт со претходниот период од животот освен ако се работи за живот и смрт. Во тој случај веројатно и ќе загинам. Па, секој може да направи деца, тоа е лесно, секој може да се ожени, но не може секој да биде сопруг. Сопруг е тој што стои до сопругата како што се вели при потпишувањето на брачниот договор – во добро и во лошо… а мене животот, за жал или за среќа, ме „награди“ со сила да низ сите проблеми, подеми и падови, низ морето на злото, солзите и лошите луѓе сите изминати години… одам сам. Знам. Тешко е да се стои покрај мене, тешко е да чекориш покрај мене, а уште потешко да застанеш пред мене. Претпоставувам затоа што сум толку страшна. За мене често велат дека сум ЛУДА, веројатно се во право. Затоа покрај мене мене отсега може да стои само ЛУД. Како мене. Не прифаќам ништо помалку. За да ме, како што јас знам, сака ЛУДО, дури и кога цел свет ме мрази. Немам што повеќе да додадам, другар судија. Одиме понатаму – напишала Јелена на својот профил на Инстаграм.

Слични објави

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо
Се вчитува....