10:23 - 26 ноември, 2026

Антонија Черкез го кажа судбоносното „да“, а набрзо ќе стане и мајка

Антонија Черкез, пејачката од Босна и Херцеговина, која со своите настапи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ја воодушеви публиката, му го кажа судбоносното ДА на својот долгогодишен избраник Петар Ноголица. Церемонијата пред најблиските членови на семејството и блиските пријатели се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ како дел од францисканскиот манастир во Широки Бријег.

Instagram

За време на церемонијата, таа носеше венчаница од тантела со цветни дезени, а потоа се пресоблече во пократок фустан за да може полесно да се движи на подиумот, пренесува dnevnik.hr.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamburaški sastav FM (@fm_tamburasi)

Парот ја криеше својата врска од јавноста, а до моментот на свадбата, името на партнерот на Антонија не беше познато на јавноста.

Instagram

Во април оваа година, Антонија откри дека е верена, а романтичниот момент од запросувањето се случил во Њујорк.

На почетокот на овој месец, таа откри и дека е бремена, а потоа објави серија фотографии на својот инстаграм-профил на кои се гледа нејзиното трудничко стомаче и фотографии од ултразвук.

Instagram

„Најубавите работи во животот остануваат скриени долго време – се чуваат во тишина, подалеку од погледите, од бучавата на светот. Досега, ја носев мојата најголема радост тивко, заштитено и нежно, колку што е можно повеќе“, напиша Антонија во објавата.

Instagram

Судејќи според описот на почетокот на објавата, каде што стави сино срце покрај зборот „мама“, се чини дека пејачката очекува момче.

Instagram

Исто така, минатата недела таа ги сподели снимките од нејзината моминска забава.

Instagram

 

 

 

 

Слични објави

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо
Се вчитува....