Наградите БАФТА, како и наградите на Американското здружение на продуценти, Американското здружение на режисери и на „Златен глобус“, честопати се сигурни показатели за тоа кој би можел да го освои престижниот американски Оскар. БАФТА е основана во 1947 година како Британска филмска академија.
Актерката Ребел Вилсон оваа година ќе биде домаќин на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА).
View this post on Instagram
Таа ќе ја преземе функцијата од Дермот О’Лари и Едит Боумен, кои беа домаќини на главно виртуелната церемонија минатата година во услови на ограничувања наметнати од пандемијата.
View this post on Instagram
Сепак, БАФТА, познати како британски оскари, може да се соочат со главоболка по објавувањето на Наградите по избор на критичарите (Hollywood’s Critics Choice Awards) дека нивниот настан ќе се одржи истиот ден, 13 март.
View this post on Instagram
Некои ѕвезди ќе бидат номинирани и за двете и ќе мора да изберат на која ќе присуствуваат.
Церемонијата на доделување награди по избор на американско-канадски критичари или Hollywood’s Critics Choice Awards требаше да се одржи овој месец, но беше одложена поради омикрон-варијантата на коронавирусот.
Најдобар филм:
„Belfast“
„Don’t Look Up“
„Dune“
„Licorice Pizza“
„The Power of the Dog“
Најдобар режисер:
„After Love“ – Алим Кан
„Drive My Car“ – Рајуске Хамгуче
„Happening“ – Одри Диван
„Licorice Pizza“ – Пол Томас Андерсон
„The Power of the Dog“ – Џејн Кемпиен
„Titane“ – Џулија Дукурно
Оригинално сценарио:
„Being the Ricardos“ – Ерон Соркин
„Belfast“ – Кенет Брена
„Don’t Look Up“ – Адам Мекеј
„King Richard“ – Зак Бејлин
„Licorice Pizza“ – Пол Томас Андерсон
Адаптирано сценарио:
„Coda“ – Шан Хејдер
„Drive My Car“ – Рајуске Хамгуче
„Dune“ – Дени Вилнув
„The Lost Daughter“ – Меги Џиленхол
„The Power of the Dog“ – Џејн Кемпиен
Најдобра актерка:
Лејди Гага – „House of Gucci“
Алана Хаим – „Licorice Pizza“
Емилија Џоунс – „Coda“
Ренате Реинсве – „The Worst Person in the World“
Џоана Скенлен – „After Love“
Теса Томспон – „Passing“
Најдобар актер:
Адил Актар – „Ali & Ava“
Махершала Али – „Swan Song“
Бенедикт Камбербеч – „The Power of the Dog“
Леонардо ди Каприо – „Don’t Look Up“
Стивен Греам – „Boiling Point“
Вил Смит – „King Richard“
Најдобра споредна актерка:
Катрина Балф – „Belfast“
Џеси Бакли – „The Lost Daughter“
Аријана Дебос – „West Side Story“
Ен Дауд – „Mass“
Анџану Елис – „King Richard“
Рут Нега – „Passing“
Најдобар спореден актер:
Мајк Фаист – „West Side Story“
Киран Хајндс – „Belfast“
Трој Котсур – „Coda“
Вуди Норман – „C’mon C’mon“
Џеси Племенс – „The Power of the Dog“
Коди Смит-Мекфи – „The Power of the Dog“