13:41 - 2 април, 2026

Адел одбива милионски суми и договори – Не сака да биде новата Кардашијан

Пејачката Адел наводно одбила сума од дури 50 милиони долари вредни маркетинг договори кои и ги нуделе за да ја промовира диетата благодарение на која изгубила повеќе од 40 килограми.

Британскиот „The Sun“ пишува дека на пејачката ангажмани и нуделе и ТВ куќи, брендови и маркетинг компании со надеж дека таа ќе ги прифати нивните понуди и ќе ја промовира својата диета поради која има нова линија.

Адел, според пишувањето на странските медиуми, ги одбила сите по ред, а тврди и дека не сака да стане уште еден од клоновите од кланот Кардашијан-Џенер и брзо да заработи пари, туку сака да се фокусира на својот нов албум.

Фото: Инстаграм

Пејачката килограмите ги изгубила благодарение на посебната диета и режимот под кој била, а докторката Доминик Фрадин Ред, која соработувала со поп ѕвездата, тврди дека тајната за слабеењето се крие во расположението и во менталното здравје. Освен тоа, Адел се заколнала пред себе си на војниот режим на функционирање, а тоа го потврди и нејзиниот личен тренер Пит Герасимо.

„Престана да пуши, внимаваше што јаде, се ослободи од слатките и престана да јаде обработена храна. Ја избра здравата храна и редовно тренираше, многу напорно“, изјави Герасимо.

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....