11.8 C
Скопје
15:54 - 30 март, 2026

Аца Лукас си купи џип од 150.000 евра! Во реновирање на стан вложил 250.000 евра, па се почестил

Аца Лукас

Популарниот пејач Аца Лукас си подари нов автомобил вреден 150.000 евра, истиот модел што го вози и неговиот менаџер и продуцент Саша Мирковиќ.

Познат по љубовта кон убави жени и луксузни автомобили, Лукас одлучил да го обнови својот возен парк. Според информациите на српскиот „Курир“, автомобилот го увезол од странство и чекал околу еден месец за да му биде испорачан токму моделот што го посакувал.

Но, тоа не е единствената инвестиција на фолкерот во последно време. Тој неодамна го реновирал и својот стан на Вождовац, за што вложил 250.000 евра. Поради градежните работи, веќе повеќе од половина година живее во Нови Сад. Сега кога уредувањето на станот е при крај, пејачот наскоро ќе се врати во својот мирен дом во Белград.

По повод овие информации, редакцијата се обидела да стапи во контакт со пејачот, но тој не одговорил на повиците и пораките. Од друга страна, Саша Мирковиќ ги потврдил сознанијата, но одбил да изнесува детали.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....