22:50 - 6 ноември, 2026

Аца Лукас призна дека ја изневерил бремената сопруга на денот на нивната свадба

Српскиот фолк-пејач Аца Лукас е познат по својот бурен живот, но деталите што ги откри во својата автобиографска книга „Ова сум јас“ ја шокираа јавноста.

Пејачот призна дека ја изневерил својата прва сопруга, Светлана Цеца Вуксановиќ, токму на денот на нивната свадба.

Свадбата се одржала летото 1991 година на сплавот „Лукас“, во присуство на околу двесте гости. Додека Цеца, која тогаш била бремена, блескала од среќа, Лукас призна дека го „нарушил“ свадбениот протокол така што заминал да пие и да игра на покер-апарати. Во таква, поднапиена состојба, се вратил на сплавот, каде што го чекало изненадување – се појавила неговата поранешна девојка од средношколските денови, пренесува „Блиц“.

Како што самиот раскажал, двајцата завршиле во тоалетот, каде што се бакнувале, а ситуацијата станала уште побизарна кога љубовницата, веднаш потоа, излегла и со насмевка на лицето ѝ го честитала бракот на невестата.

Осврнувајќи се на своето однесување, пејачот не штедеше зборови на сопствена сметка. За себе рече дека бил „вистински никаквец“ и призна дека тогаш си замислувал оти сопругата не го заслужува, иако таа била неговата прва, вистинска голема љубов и прекрасна мајка.

Нивниот брак продолжил на Баново Брдо, а иако соседите мислеле дека нивниот однос е идеален затоа што никогаш не се карале, Лукас признава дека продолжил да ја изневерува сопругата, додека Цеца тивко страдала и веројатно насетувала што се случува.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....