22:36 - 6 ноември, 2026

Јелена Карлеуша: „Во долгови сум, но вредеше“

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша отворено проговори за приватниот живот, бизнисот и семејството, откривајќи дека нејзините ќерки Атина и Ника ѝ се најголема поддршка, но и дека моментно е во финансиски долгови поради реализацијата на нови музички проекти.

Ќерките се главен маркетинг тим

Карлеуша истакна дека нејзините тинејџерки се активно вклучени во промоцијата на нејзините нови песни преку социјалните мрежи, користејќи ги своите популарни профили на ТикТок и Инстаграм.

„Тие се сега на море со татко им и гледам дека снимаат видеа со моите нови песни, и тоа ми е најбитно. Ми прават маркетинг бидејќи имаат сериозно добар ТикТок, јас го немам, па така работат за мама“, изјави пејачката, додавајќи дека нивната помош многу ѝ значела и при самото снимање на новите спотови.

„Должам пари за спотовите, но публиката го доби она што го очекуваше“

Позната по своите екстравагантни и милионски видео-проекти, Јелена призна дека сè уште не ги подмирила сите финансиски обврски кон соработниците, но верува дека летната турнеја ќе ги покрие трошоците.

„Не сум платила, јас сум должна, па се надевам дека оваа летна турнеја ќе донесе исплата на тие долгови. Но, вредеше, бидејќи се надевам дека ги исполнив очекувањата на публиката“, порача Карлеуша.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....