Пејачката Теодора Џexверовиќ во последно време често ги пакува куферите и го напушта Блеград за да оди во Дубаи, каде што нејзиниот брат Саво се пресели со сопругата Адријана и нивната ќерка. За да не живее живот во куфери, пејачката фантазира за купување недвижност токму на ова место.
– Секогаш кога сакам да се тргнам од сè, одам во Дубаи и навистина многу ми годи кога повторно го посетувам, и поради моето семејство и поради самиот град кој го сакам. Мојата цел е да купам недвижности во Дубаи и се надевам дека ќе успеам да го реализирам тоа – изјавила Теодора Џехверовиќ за медиумите.
Таа истакнала дека едвај чека нејзината внука да ја види на сцената.
– За жал, тие не се тука и нема да можат да дојдат на мојот концерт на Ушќе оваа година. Многу ми е жал за тоа бидејќи тие се навистина мојата најголема и најискрена поддршка. Едвај чекам Доротеја да порасне и да ја види својата тетка на сцената.
Теодора рекла дека го замислува животот надвор од границите, а исто така и свадбата.
– Исто така и тоа го замислувам надвор од Србија, а би сакала тој чин да остане само за мене и за таа друга личност. Не знам каде би било тоа, бидејќи не сум ни блиску до тоа, но сигурно некаде каде што би можела да се сокријам и секако, би ги поканила само најблиските луѓе – рекла искрено пејачката.
За нејзиниот мистериозен партнер се дискутира и зборува јавно, но таа сепак сака тој да остане мистериозен.
– До крајот на мојот живот ќе кријам работи како свршувачка, свадба, дете. Тоа е само моја одлука во моментов и би сакала да остане така. Не се сите работи јавни. Навистина доживеав сè и сешто кога мојот приватен живот се мешаше во мојот деловен живот и веќе немам сила за тоа. Верувам дека вистинската љубов го вади најдоброто од нас и немам проблем да бидам посветена и на моето момче и на мојата работа во исто време – рекла Џехверовиќ и додала дека иако се жали дека е зафатена, момците немаат проблем да ѝ пријдат.
– Секогаш има додворувачи. Не е важно што сум јавна личност. Секоја убава девојка има додворувачи, но јас не паѓам толку лесно.
Сценските стилови на пејачката отсекогаш предизвикувале лавина од коментари, а таа истакнува дека на неа не е секогаш сè скапо.
– Купувам што ми се допаѓа и што ми треба. Не страдам по тоа да имам брендирана гардероба, бидејќи за мене тоа апсолутно ништо не значи. Не знам да чувам работи, многу често ги губам и нема смисла да давам премногу пари за тоа. Што се однесува до кинеските бутици, ако почувствувам дека можам да најдам нешто што ми треба таму, а знам дека е поевтино, ќе купам таму и немам проблем со тоа. Луѓето ме препознаваат, понекогаш се фотографираат и сè ми е убаво, бидејќи како што реков, за мене тоа не е срамно, бидејќи сум нормална личност како и секоја друга – рекла Теодора со насмевка.