08:35 - 16 ноември, 2026

(ВИДЕО) НА СВАДБА ВО ЛОНЕЦ: За младенците Акаш и Аишварја љубовта е посилна од поплавите

Младенците Акаш и Аишварја пристигнале на сопствената свадба пловејќи во огромен лонец, бидејќи улиците на нивниот град Талавади на денот на венчавката биле поплавени.

На снимките се гледа како свршениците пловат по поплавените улици, стиснати еден до друг во лонец додека двајца мажи во придружба на фотограф ги влечат по поплавените улици.

Парот наводно позајмил лонец од локалниот храм и изјавил дека тоа било „единствената опција“ достапна во краток рок, известила индиската новинска агенција „PTI“.

На нив не им пречеле ни поплавите, ни свлечиштата, кои однеле 27 животи во текот на обилните дождови ширум Керала, држава на југот на Индија, бидејќи младенците, инаку здравствени работници, не сакале да го одложат својот голем настан, пренесува „The Guardian“.

Акаш и Аишварја пристигнале безбедни и суви, во делумно поплавениот храм во Талавади, каде се одржала традиционална хиндуистичка церемонија.

 

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....