7.8 C
Скопје
21:04 - 31 март, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА НАРНИЈА: Прекрасна мачка со „две лица“ која има 250.000 следбеници на Инстаграм

Иако сите ги избегнуваме дволичните луѓе, ова нешто навистина ќе ви се допадне, станува збор за слатко маче со „две лица“.

Мачката Нарнија, која има две години, благодарение на професионалните фотографии, стана вистинска ѕвезда на социјалните лица.


Нарнија живее во Франција и има повеќе 250.000 следбеници на оваа социјална мрежа и во моментов ужива во својата „слава“.


Повеќето од фотографиите  кои се објавуваат на нејзиниот профил се дело на професионалниот животински фотограф Жан Мишел Лабат кој успева одлично да ја долови специфичната убавина на оваа британска мачка со кратко влакно.

Нејзинината сопственичка Стефани изјавила дека Нарнија го освоила нејзиното срце веднаш штом ја здогледала.

Стефани објасни дека оваа мачка е родена како химер.


Мачките химери се поприлично ретки и нивното крзно не е е толку воочливо како на Нарнија. За мачките химери е карактеристично што имаат и две различни очи, а оваа интернет ѕвезда има две исти очи со сина боја.

Во животинскиот свет химери се животните кои имаат генетска аномалија со мешање на два пигменти и всушност поттекнуват од два ембриона кои брзо се стопиле во еден. Овие животни се целосно здрави, само се со необично комбинирани бои.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....