-0.2 C
Скопје
18:52 - 22 декември, 2024

Зошто е важно да се штеди и како депозитите може да помогнат во иднина?

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да штедите? Едноставно, штедењето е секогаш добро, без разлика дали во моментот имате цел за штедење или не. Можете да штедите за разни работи. Не само за она што се вика „црни денови“, туку и за најразлични убави работи. На пример, за купување стан, за образование на децата, за свадби, или едноставно можеби за некој нов домашен апарат, нови чевли, чанта, за годишен одмор или било што друго. Кога ќе заштедите за нешто и ќе го купите со заштедата, тогаш задоволство ќе ви биде уште поголемо и истовремено ќе имате волја и желба повторно да штедите за нешто друго.

Притоа, секако најдобро е штедењето во банка. Банкарските депозити нудат многу придобивки и предности, а во продолжение прочитајте ги најважните:

  1. Банкарските депозити се сигурни и безбедни

Парите кои ги оставате како депозит во банка се заштитени од кражби, пожари, поплави и сите други несакани ситуации кои можат да се случат доколку ги чувате во вашиот дом.

  1. Банкарските депозити можат да ви донесат дополнителни приходи

Депозитот во банка, доколку не ги употребувате средствата, туку ги орочите на одреден временски период, ќе ви ја зголеми заштедата. Колку повеќе време остануваат вашите пари на „чување“ во банката, толку е поголема каматата која банката ќе ви ја исплати при подигнување на депозитот. Доколку предвреме ги подигнете парите, банката нема да ви исплати камата, па така, мотивирани сте да ја чувате вашата заштеда подолго.

  1. Банкарските депозити може да ви обезбедат поповолни услови за кредит

Доколку веќе имате оставено депозит во вашата банка и сакате да подигнете кредит, веќе сте во предност! Банкарскиот депозит лесно може да се пренасочи како обезбедување за добивање кредит, без притоа да ја изгубите каматата од вашиот депозит.

Како штедач, имате право на избор каков вид на банкарски депозит сакате да направите и кој од нив ќе резултира со најмногу придобивки за вас. Токму таков избор на депозитни производи ви нуди Халкбанк.

Кој не би сакал да штеди и истовремено да заработува знаејќи дека парите му се безбедни? Со каматна стапка која прогресивно расте на секои 6 месеци, Evolve депозитот од Халкбанк претставува идеален начин за штедење. Минималниот износ на вложување е 3000 денари, рокот на орочување е 24 месеци. Со Evolve депозитот со можност за дополнителни уплати остварувате  принос од 2,7% за штедење во денари или 1,7% принос за штедење во евра за рок од 24 месеци сметано на иницијалниот влог.

Доколку пак сакате флексибилно да управувате со вашиот депозит и да вршите неограничени уплати или исплати кои може да се вршат и на вашето електронско/мобилно банкарство тука е Флекси депозитот на Халкбанк. Добивате фиксна каматна стапка до 1,3% за штедење во денари и до 0,9% за штедење во евра за рок од 36 месеци. Услов е состојбата на вашиот депозит да не се намали под 30.000 денари или 500 еур. Воедно, може да преминувате од еден во друг ранг на износ со тоа што колку поголема е вашата заштеда – толку повеќе добивате. Каматата се пресметува дневно, а се исплаќа на крајот на рокот на орочувањето.

Уште еден одличен вид на депозит од Халкбанк е секако онлајн депозитот. Бидејќи живееме во дигиталната доба, онлајн депозитот е брз начин за обезбедување на вашата заштеда. Онлајн депозитот може да се отвори преку електронско/мобилно банкарство на рок од 6, 12 и 24 и има високи фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра, споредбено со традиционалниот начин на отворање на депозит преку шалтерите на банката На рок од 24 месеци каматната стапка за денари е 1,2%.

Бидејќи никогаш не е доцна да се почне со штедење, одберете производ кој најмногу ви одговара и креирајте депозит.

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....