3.8 C
Скопје
06:09 - 21 декември, 2024

ЖЕНИТЕ ОТКРИВААТ: Најдобрите начини да преболете раскинување

скршено срце пар двојка

Да се излечи скршено срце делува како невозможна мисија. Никој не знае како да се справи со тој чин во животот, но овие жени споделија совети за најдобро надминување на прекинот, врз основа на нивните лични искуства.

Дајте си време за да прифатите

„Еднаш бев во нездрава врска која не траеше долго. Тогаш мислев дека сум во ред, зошто да се замарам за нешто што никогаш не била вистинска врска. Подоцна се соочив со напади на паника и дури тогаш сфатив колку сè влијаеше на мене. Преку терапија сфатив колку е важно навреме да се разбере што се случува и да се прифати. Запомнете, вашите чувства се исправни и не треба да се чувствувате виновни поради тоа“, рекла Лејла.

Времето навистина лечи сè

„Откако раскинав со момчето за кое мислев дека е „вистинскиот“, се исцрпив измислувајќи разни сценарија во мојата глава. Не можев да се воздржам. Сите ми велеа дека времето ги лекува раните, но јас мислев дека тоа е глупост. Ама испадна дека навистина е така.Еден ден штотуку ми светна дека не сум помислила на него. Потоа помина уште еден ден, па недела, па еден месец. Со текот на времето неговата празнина беше исполнета со нови луѓе и настани“, додаде Кетрин.

ЉУБОВЕН ГОДИШЕН ХОРОСКОП 2022: Еве ги сите прогнози за хороскопските знаци, многу ретка година!

Отстранете ги од социјалните мрежи

„По завршувањето на мојата долга врска, станав опседната со социјалните мрежи. Поминував часови на неговиот профил, но и на профилите на неговото семејство и пријателите. Замислував каде е и што прави. Откако разговарав со блиска личност, сфатив колку ги поминав границите на нормалното. Ги избришав од социјалните мрежи и него и сите што имаат некаква врска со него. Тоа беше најголемата услуга што можев да ја направам за себе“, продолжи Тамсин.

Направете нешто за себе

„После секоја разделба се трудам да научам нешто и да станам подобра личност. Се трудам да бидам зафатена и со работи кои ме исполнуваат. Учење нов јазик, патување, ново хоби, дружење со пријателите. Толку малку е доволно за среќна“, вели Ева.

Чувајте ја вашата самодоверба

„По разделбата, се обвинував себеси за тоа што се случи. Се прашував што згрешив и дали некогаш повторно ќе се заљубам. За некој кој е инаку самоуверен, мојата самодоверба го допре дното. Еден ден домашните седнаа со мене и почнав да ги набројувам сите причини поради кои вредам како личност. Иако ми изгледаше глупаво во тоа време, ме натераа да се потсетам на моите квалитети и повторно да се сакам себеси“, изјави Рејчел.

ЖЕНИ И ОРАЛЕН СЕКС: Каква е неговата улога во сексуалното задоволство воопшто?

Научете да бидете причина за сопствената среќа

„Мислам дека сите треба да се запрашаме дали не се чувствуваме удобно кога не сме во врска или кога остануваме без партнер. Мојот фокус на потребата да се биде во врска ме заслепи целосно“, вели Меги, пренесува „Klix“.

Не барајте причини

„Откако ме остави момче за кое никогаш не се грижев навистина, се чувствував мизерно. Очајно побарав повторно да разговарам со него, убедувајќи се себеси дека така лесно ќе ја прифатам ситуацијата. Кога се освестив, сфатив дека никогаш нема да добијам одговори и дека во такви ситуации е правилно да се затвори книгата. Кога се помирив со тоа бев подготвена да продолжам понатаму“, истакна Наташа.

Откријте што (не) сакате

„Во раните 20-ти бев со момци кои се обидуваа да ме контролираат и променат. Тие одлучуваа што да облечам, а еден дури и отворено ми призна дека нема да биде со мене ако знае дека страдам од анксиозност и депресија. После такви врски, знаев повеќе за тоа што го сакам, а што не. Исто така, сфатив како сакам да се чувствувам во врската. Тоа знаење ме доведе до мојот сегашен вереник кој ме прифаќа и ме сака таква каква што сум – нешто што секоја жена го заслужува“, заврши Феј.

ЉУБОВНИЦА ОТКРИВА: Како да препознаете дали партнерот ве изневерува

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....