7.8 C
Скопје
22:37 - 31 март, 2026

Зеленски – најбарани „лего“ фигури: РАСПРОДАДЕНИ! Собрани се 145.388 долари за жртвите во Украина

Во екот на руската инвазија на Украина, американската компанија за играчки Citizen Brick смисли начин да собере пари за жртвите од војната и на тој начин да даде свој придонес. пишува Hitek.fr.

Тие лансираа ограничена колекција на Лего -коцки/фигури со ликот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои се распродадоа во САД за рекордно време!

Цената на една Лего-фугура чинеше 100 долари, а покрај Зеленски, во продажба по цена од 10 долари можеше да се најде и фигура од молотов коктел на која имаше мотив од украинското знаме.

Иако целта беше да се соберат 100.000 долари за помош на украинските бегалци, побарувачката за Лего коцки ги надмина очекувањата и тие беа принудени да пуштат дополнителни примероци во продажба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Citizen Brick (@citizenbrick)

Сите беа распродадени во рекордно време, а собраната сума која директно беше донирана на организацијата „Direct Relief“, на крајот изнесуваше 145.388 долари.

Иако имаат уште заинтересирани, од компанијата рекоа дека вакви фигури повеќе нема да се продаваат.

Во меѓувреме, самиот дански гигант за играчки Лего донираше дури 16,5 милиони долари за помош на Украина.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....