9.8 C
Скопје
16:07 - 18 декември, 2024

Заборавената англиска кралица: Владеела само девет дена, а била погубена на 16 години по наредба на нејзина роднина (ВИДЕО)

Лејди Џејн Греј никогаш не очекувала дека ќе стане кралица, иако била во крвно сродство со тогашниот крал. Таа имала само 15 години кога тоа се случило. Четири дена по смртта на кралот Едвард Шести во 1553 година, Грејн се разбудила со веста дека ќе владее со Англија.

Круната на Едвард Шести требало да ја наследи неговата сестра Мери. Меѓутоа, кралот бил побожен протестант и не можел да замисли неговата сестра, која била од католичка вероисповед, да владее со земјата.

Неколку дена пред смртта, кралот Едвард напишал тестамент во кој ја именувал Џејн Греј за своја наследничка. На тој начин запалил искра која набргу по неговата смрт доведува до вистински хаос во Англија.

Мери речиси веднаш по објавување на оваа вест тргнала во војна со својата роднина.

Девет дена по крунисувањето, Лејди Џејн Греј завршила во затвор поради предавство, била донесена пресуда таа или „да се запали жива, или да и се отсече главата, како што кралицата ќе сака“.

Храбра до самиот крај

По една година, казната навистина била извршена.

Џејн Греј прво морала да гледа како му ја отсекуваат главата на нејзиниот сопруг, пишува историчарот Скот Шо-Смит во својата книга „Погубувањето на Тјудрови“.

Кога дошол редот и Греј да биде погубена, таа на момент делувала доста храбро. Греј рецитирала псалм преку кој го молела Бога за милост, а од џелатот барала само смртта да биде брза.

Шеснаесетгодишната Џејн Греј не паничела сѐ додека не било наредено нејзината глава да се стави на дрво.

Во тој момент од паника и страв таа извикала: „Што да правам? Каде е дрвото?“.

Набргу лицата кои биле задолжени да ја убијат и објасниле што треба да направи, а потоа џелатот си го завршил своето.

View this post on Instagram

~ The tragic fate of Lady Jane Grey ~ Lady Jane Grey (1537-1554) was queen of England for nine days in 1553. Beautiful and intelligent, her execution by Mary Tudor aroused universal sympathy. When Lady Jane was barely nine years old, she went to live in the household of Queen Catherine Parr, and on the latter’s death in September 1548 she was made a ward of Catherine’s fourth husband, Thomas Seymour, Lord Seymour of Sudeley, who planned her marriage to his nephew and her cousin, the young king Edward VI. But Seymour was beheaded for treason in 1549. After Lady Jane’s father was created duke of Suffolk in 1551, she was constantly at the royal court. In 1553, John Dudley, duke of Northumberland, who exercised considerable power during the minority of King Edward VI, joined with Suffolk in marrying her to his son, Lord Guildford Dudley. Her Protestantism made her the natural candidate for the throne of those who supported the Reformation. With the support of Northumberland, who had persuaded the dying Edward to set aside his half-sisters Mary and Elizabeth in favour of any male heirs who might be born to the duchess of Suffolk and, failing them, to Lady Jane, she and her male heirs were designated successors to the throne. Edward died in 1553. Lady Jane was proclaimed queen. However, Edward’s sister Mary Tudor, the heir according to Henry VIII’s will (1547), had the support of the people, and even Suffolk, who by now despaired of success in the plans for his daughter, attempted to retrieve his position by proclaiming Mary queen. Northumberland’s supporters melted away. At the beginning of Mary I’s reign, Lady Jane and her father were committed to the Tower of London, but he was soon pardoned. Lady Jane was arraigned for high treason, she pleaded guilty and was sentenced to death. The execution of the sentence was suspended, but the participation of her father, in 1554, in Sir Thomas Wyatt’s rebellion sealed her fate. She was beheaded in 1554. Painting : The execution of Lady Jane Grey, by Paul Delaroche ? #ladyjanegrey #history #art #artlovers #arthistory #historyofart #painting #strongwomen #womenfromhistory

A post shared by ~Women from History~ (@womenfromhistory) on

Сликата погоре: Погубувањето на Лејди Џејн Греј, Пол Деларош (1554 година). 

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....