08:19 - 3 април, 2026

Водење љубов за време на коронавирусот: Воздржете се од „акција“, ни презервативот нема да ве заштити!

Многу луѓе се одлучија да носат маски за да се одбранат од коронавирусот, но се воспостави дека тие не можат да нè заштитат во потполност. Други користат антибактериски гелови, креми и сапуни за да ги дезинфицираат рацете и така ја намалуваат можноста од зараза.

Некои луѓе се изолираа и не се појавуваат на јавни места за да го спречат контактот со странци, но што се случува со најинтимниот контакт?

Зборуваме за сексот, а малку се знае за тоа како вирусот се шири кога луѓето ги мешаат телесните течности.

Кога станува збор за другите сексуално преносливи болести, знаеме дека кондомот е најдобар начин за заштита, но дали тој може да нè заштити и од коронавирус?

Досега се документирани 83 илјади случаи со коронавирус ширум светот и има тенденција за пораст во бројката.

„Со оглед на тоа дека ова е нов вирус, не знаеме точно како инфекцијата се пренесува од личност на личност“, рекол докторот Симран Део од Велика Британија.

„Тоа што го знаеме е дека сличните вируси се шират преку кивање и кашлање. Експертите се сомневаат дека случајот е ист и со коронавирусот, но треба да се направат повеќе истражувања.“, додава докторот Део.

Општ совет е да не се приближувате до личност која покажува симптоми на респираторна инфекција.


Заразата со коронавирус може да има и фатални последици, без разлика на тоа дали за време на сексот сте користеле кондом или не. Сепак, треба да избегнувате контакт со заболени личности.

„Сексот со личност која е заразена од коронавирус или се наоѓа во карантин после лечењето, не е препорачлив“, советуваат докторите.

Знајте дека својот партнер нема да го спасите доколку се закашлате и ја свртите главата, бидејќи тогаш вирусот се шири преку воздухот и ја напаѓа другата личност.

Бакнувањето со личноста која е заразена исто така е забранетo, па затоа докторите советуваат дека најдобро е да се воздржите од интимност доколку партнерот е заразен со вирус.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....