7.8 C
Скопје
22:38 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) ВЕНЧАВКА НА 6.439 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСОЧИНА: Младенците три дена се качувале до врвот на планината

Џони Пачеко и Хајди Пако го изговорија судбоносното „да“ на врвот Иљимани, највисоката планина во западна Боливија, а целата церемонија барала значителна подготовка.

Младенците имале огромна среќа со времето, бидејќи сонцето и пријатните температури ја направиле церемонијата на врвот на планината уште поспецијална.

Целата церемонија барала голема подготовка. На младенците и гостите им биле потребни три дена да се искачат на врвот на планината од главниот град на Боливија, Ла Паз. Неколку луѓе имале задача да ги носат венчаницата, украсите и храната за прославата, што не било нималку лесна задача, имајќи предвид дека носеле дополнителни 20 килограми тежина.

Џони и Хајди ги кажале своите завети на 6.439 метри надморска височина.

– И двајцата се спортисти и љубители на природата, како и љубители на планините. Од таа причина, тие одлучија да се венчаат на врвот на оваа планина, изјавил Агустин Гонзалес, планинар и кум на младоженецот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....