01:37 - 7 април, 2026

(ВИДЕО) ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Новата божиќна реклама на „Кока-Кола“ ги разнежни луѓето ширум светот

кока кола

Полека навлегуваме во најубавиот дел од годината. Продавниците постепено почнуваат да се полнат со новогодишни украси, на радио нежно почнуваат да се протнуваат најубавите божиќни песни. Идеите за украсување се при крај, а се најавуваат и нови божиќни филмови. Тоа значи само едно – најмагичниот период од годината, е се поблиску до нас.

Кога на сето ова ќе ја додадеме и традиционалната божиќна реклама на Кока-Кола, празничната треска може да започне. Пред неколку години, рекламите на Кока-Кола станаа синоним за празниците благодарение на впечатливата маркетинг стратегија. Секоја нивна реклама е проследена со голем интерес и емотивни предизвици, бидејќи топлите и емотивни приказни околу празничната трпеза се столбот на рекламите на овој бренд.

Оваа година акцентот е ставен на отуѓеноста меѓу луѓето. Во фокусот на рекламата е момче кое забележува колку е осамена неговата сосетка и го организира целото семејство и луѓето кои живеат во нивната зграда да ѝ испратат знак на внимание за време на празниците на многу креативен и необичен начин. Поентата на оваа реклама е дека никој не треба да се чувствува осамено и отфрлено, особено за време на празниците.

„Овој Божиќ Кока-Кола ќе раскаже приказна која е чиста магија. Затоа што магијата се случува кога сме заедно“, стои во описот на рекламата.

Рекламата за многу кратко време ги расплака и разнежни луѓето ширум светот.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....