5.8 C
Скопје
01:45 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Полуголи манекенки рекламираат ковчези, луѓето во шок: Се изгубија сите граници

Едно погребално претпријатие од Русија најмило разголени манекенки да танцуваат околу ковчезите за да ги промовираат нивните услуги, а огласот предизвика шок и негодување на социјалните мрежи.

Погребалното претпријатие „Хороним“ се соочува со ужасни реакции поради одлуката да ангажира оскудно облечени девојки за промовирање на погребни услуги „за сите категории граѓани“ на Инстаграм и ТикТок.

Видеото што го објавија на социјалните мрежи беше означено како „невкусно и навредливо“, а прикажува жени во долна облека како позираат со ковчези. Едната од девојките скокнува во ковчегот и се превиткува, додека другата ја става ногата на него и се гали пред камерата.

Видеото е прегледано стотици илјади пати на TikTok и Instagram откако беше објавено на 21 јануари.

„Ужасно е. Полуделе“, „Не е ли ова богохулење? Јас мислам дека е“, „Зошто ни се потребни голи жени за да рекламираат нешто толку приватно и мрачно?“, „Вистински ужас е што луѓето ги изгубија сите граници.“ „Светот полуде“, се само дел од коментарите на запрепастените корисници.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....