12:36 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) Одмазда на шипка! Открила дека дечкото ја лаже, го нашла во стриптиз клуб, па му приредила незаборавна претстава

Миси Петерсон со своите следбеници на TikTok ја споделила приказната за тоа како му се одмаздила на своето момче. Тој ја излажал за тоа каде се наоѓа, а подоцна дознала дека бил во стриптиз клуб, па решила да му се одмазди за неискреноста. Отишла во стриптиз клубот, но не се соочила со него, туку излегла на сцената, пишува The Sun.

„Му ставив уред за следење во автомобилот и дознав дека отишол во стриптиз клуб. Отидов таму, им ја кажав на девојките мојата ситуација, тие ми помогнаа да се подготвам и веднаш бев следна во редот за да излезам на сцената. Сакаш да гледаш претстава? Ќе ти покажам проклета претстава! Барем нешто и заработив“, раскажува Миси.

Нејзиното видео ги шокираше следбениците, собра над 3,9 милиони прегледи. Има 534 илјади лајкови, 3690 коментари и 11 илјади споделувања.

„Ова е најсмешното нешто што сум го слушнал во последно време“, „Тоа е најдобрата приказна досега, а јас работев во стриптиз клуб 15 години, браво девојка“, „Хаха, премногу добро“, беа некои од коментарите.

@missypetersonofficial

When the @nypost writes an article about your tiktok 💀🪦. #fyp #foryou #AFairShotWithBlock #viral #GameTok #tiktok #bruno

♬ Crazy – Patsy Cline

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....