2.8 C
Скопје
19:53 - 18 декември, 2024

Три случаи кога вагата навистина ве лаже

Просто неверојатно е како луѓето ѝ веруваат на вагата, а не им веруваат на своите очи и на обичното метро за мерење. Многу често после две-три недели држење диета или тренинзи во теретана, луѓето се откажуваат од тоа што го правеле бидејќи стрелката на вагата не се ни поместува. И повторно се враќаат на стариот режим и слатките навики.

Еве три причини зошто да не и верувате на вагата и да продолжите понатаму.

1.

Салото е полесно од мускулите

При практикување на фитнес активности, промените во телото се случуваат и ќе се случуваат, но немојте бројот на килограми да ви биде единствен показател дали тие навистина се случуваат. Најчестата грешка која се случува е дека личноста после одреден број на тренинзи застанува на вага и ја гледа истата бројка на килограми како и пред да почне да вежба. Потоа заклучува дека станува збор за напразна работа. Сепак, процесите кои се случиле во вашето тело во тој период се многу поважни од стрелката на вагата. Вагата може да покаже ист број на килограми, но многу е поголема веројатноста дека сега имате повеќе мускули а помалку масти од порано. Салото е многу полесно од мускулната маса.

2.

Одложен ефект од течностите

На строга диета сте, а вагата покажува дека сте и за килограм-два потешки. И веднаш ви доаѓа да кренете раце од непрактичната диета која не само што не ве слабее туку и ве здебелува. Секоја диета препорачува внес на што поголема количина на вода и свежи цедени сокови без шеќер кои одлично ја одложуваат потребата да го отворите фрижидерот. Сепак сите тие течности кои ги внесувате во телото, во невообичаено поголема количина од она што сте го правеле, прават да се чувствувате привремено „потешки“.  Но, нема да се претворат во масни наслаги. За некое време ќе бидете пресреќни што благодарение на токму таквата „прекумерна“ доза на внес на нискокалорични течности и вода сте сватиле дека не сте биле гладни туку само жедни. Ако не се откажете (поради вагата!) и продолжите со истото темпо, за еден месец од почетокот на новиот диетен режим ќе и се радувате на вагата зашто таа ќе покаже дека сте полесни, и покрај зголемената доза на течности.

3.

Во кој дел од денот ја мерите тежината ?

Во кој дел од денот ја меревте вашата телесна тежина пред да одлучите дека е алармантно време за слабеење? Можеби оттогаш и навистина сте ослабеле. Златното правило гласи вака  – мерете ја вашата телесна тежина на вага само еднаш во неделата! Одберете си го сами денот и времето. Да кажеме, недела наутро. И редовно правете го тоа во недела наутро, ако сакате стрелката на вагата да е горе-долу  многу„послушна“. И веќе знаете, секогаш застанете на вагата голи (или во гаќи и маичка).

А доколку и понатаму не и верувате на вагата, пробајте да ги измерите вашите облини (струкот, градите и колковите) со обично метро за кроење, така ќе бидете посигурни дали нешто се случува или не. Или фотографирајте се еднаш неделно во костим за капење секогаш во иста поза. После одредено време погледнете ги фотографиите и видете дали има некакви резултати од тоа што сте го правеле.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....