9.8 C
Скопје
16:30 - 19 февруари, 2026

СВЕШТЕНИК 26 ГОДИНИ ПОГРЕШНО КРШТЕВАЛ ЛУЃЕ: Црквата бара од илјадниците да се прекрстат

Илјадници католички верници од САД можеби ќе треба повторно да се крстат откако црквата откри дека свештеник користел погрешни зборови во процесот на крштевањето цели 26 години, пренесуваат странските медиуми.

Свештеникот во Феникс, Андрес Аранго цели 26 години за време на обредите на првиот католички сакрамент наместо „те крштеваме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ ги користел зборовите „те крштевам“. Имено разликата помеѓу еднина и множина е многу важна, објасни Томас Џеј Олмстед, епископ од Феникс.

САГАТА ПРОДОЛЖУВА: Семејството на починатата Халина го тужи Болдвин за убиство од небрежност

„Заедницата не е таа која крштева една личност и ја прима во Црквата Христова, туку Христос, а само Христос ги предводи сите сакраменти. Значи, Христос е тој што крштева“, истакнал Томас.

Грешката на Аранго била откриена во средината на 2021 година, четвртина век откако бил назначен за свештеник, изјавила портпаролката на епархијата Кејти Бурк за „AFP“.

„Отецот Аранго не користел точна терминологија од почетокот на неговото свештенство, сè до минатото лето кога го привлече вниманието на епархијата“, истакна таа. „Немам податоци за точниот број на крстени луѓе меѓу 1995 и 2021 година, но верувам дека станува збор за илјадници“.

„Откако грешката излезе на виделина, Аранго ја напушти својата работа „за да се посвети на лекување и помагање на жртвите од оваа грешка“, рече Бурк. „Епархијата тесно соработува со отец Аранг и со парохиите во кои тој претходно работел. Таму се организира повторно крштевање на сите кои биле крстени на погрешен начин.

Крштевањето е важен сакрамент за католиците бидејќи, според верувањата, само оние кои се крстени по смртта можат да одат во рајот. Проблемот е што крштевањето е првиот сакрамент, така што тие што следат не се валидни, како што е првата причест. Можно е погрешно крстениот да мора да ги повтори и останатите сакраменти.

Епархијата отвори веб-страница каде што одговара на бројни прашања од збунетите и загрижени верници. Меѓу другото луѓето прашуваат „Дали ова влијае на мојот брак“ и „Дали треба да се исповедам?“.

(ВИДЕО) ВЕСНА БЕЈБИ САМА НА ПРОТЕСТ ПРЕД ЕВН: „Вие кај сте?“

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....