15.8 C
Скопје
20:01 - 19 октомври, 2026

Нега на кадрава коса: Трикови кои ќе ви помогнат секогаш да имате совршени локни

Иако изгледа лесно, одржувањето на кадравата коса е всушност потешко отколку кај другите типови коса. Кадравата коса е сува и повеќе склона кон „расцветани“ врвови отколку правата или брановидната коса. Често е многу „непослушна“, а за да функционира правилно, потребно е да се вложи енергија и време во нејзиното обликување.

Без разлика дали се работи за различен начин на сушење и обликување на косата или користење на хидратантни производи, постојат неколку начини на кои можете да ги негувате вашите локни.

Шампони за кадрава коса

Користете благи шампони, без сулфати, кои ќе ја исчистат косата, без да ја одземат природната влажност. Избегнувајте ги сулфатите во шампонот, бидејќи тој целосно ќе ја исуши косата, особено локните кои се склони на сушење поради нивната тркалезна форма.

Пиво

Постојат многу производи на природна база кои се користат за нега на кадрава коса. Еден од најчесто користените експерименти е пивото.

Пивото содржи магнезиум и калиум, како и витамин Б, кој и дава природен сјај на косата. Прво измијте ја косата, исчешлајте ја и добро исцедете ја од вишокот вода, па прелијте ја со пиво, а потоа исушете ја со фен со дифузер.

Користете маски за длабинска хидратација на косата

Најважно е да не се користат премногу препарати. Користете регенератор и маска, бидејќи тие ќе бидат доволни за хидратација на косата и зачувување на обликот на локните. Не чувајте ја маската повеќе од 15 минути, а ефектот ќе се зголеми ако употребувате капа за туширање. Исто така, ова не треба да се практикува, затоа не ја мијте кадравата коса почесто од два пати неделно.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Мирна локација, модерен амбиент и поглед што одзема здив – Во Villa Diva секој важен момент станува незаборавен

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо
Се вчитува....