02:01 - 2 април, 2026

(ФОТО) АЛБАНКА ДОБИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА ЗА МЛАДИ ДИЗАЈНЕРИ: Ненси Дојака е блескав нов талент

ненси дојака

Албанската модна дизајнерка со седиште во Лондон, Ненси Дојака, освои една од најпрестижните награди во модната индустрија, наградата „LVMH“ од 2021 година за нови таленти во модниот дизајн, на блескавата церемонија на доделување на наградите во Париз.

Француската актерка Изабел Хуперт го откри името на победникот во вторникот во присуство на членовите на жирито, вклучувајќи ги Ким Џонс од „Диор“, Вирџил Аблох од „Луј Витон“, Стела Макартни, Марк Џејкобс и уметничкиот директор на „Луеве“, Џонатан Андерсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

Дојака шокирана кога победи, рече дека е „воодушевена бидејќи имам визија за женственост што сакам да ја споделам со светот“

„Сакам женски тела … Мислам дека мојот мал црн фустан помина добро оваа година, бидејќи луѓето се возбудени да излегуваат и слават повторно. Сакаат да се чувствуваат секси и шик“, рече Дојака за  „Њујорк Тајмс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

Дојака (28) е позната по тоа што ја прикажува женската природа преку слоеви на ткаенини од мрежа, кои ја отсликуваат кревкоста и силата на женското тело.

Дизајнерката беше меѓу деветте финалисти избрани од 1.900 кандидати и ќе добие 300,000 евра, како и една година менторство од професионалци.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....