06:00 - 10 јануари, 2026

Стари ОБИЧАИ што ПРИВЛЕКУВААТ ПАРИ во домот: Никогаш не позајмувајте пари во вторник!

Нашите предци почитувале одредени обичаи кога биле во прашање парите и верувале дека тие носат финансиска стабилност и привлекуваат просперитет.
Тие мислеле дека односот кон парите директно влијае на финансиската состојба и никогаш не го држеле паричникот празен. Затоа таму ја чувале првата банкнота што ја заработиле или им ја дал некој што го сметале за добар човек. Таа банкнота или монета ја сметале за еден вид талисман на финансиска сигурност.

Како да ја привлечете енергијата на парите?

Веројатно затоа и денес се негува обичајот кога некому се подарува паричник тој да не биде празен. Многумина дури чувале хартиена банкнота со најмала вредност во скриена преграда на паричникот зашто сметале дека така подобро се управува со парите.

Кој ден е најдобро да побарате покачување?

Во модерното време се прават различни истражувања за тоа како газдите се однесуваат во текот на неделата, па се покажа дека четврток е идеален ден да се побара покачување, бидејќи претпоставените тогаш се попустливи зашто психички се подготвуваат за претстојниот викенд. Постарите пак верувале дека среда претпладне е најдобро време за тоа.

Според верувањата сите трансакции што се прават навечер доведуваат до пропаст, а пари не се позајмуваат во вторник. Освен пари, не е добро да се позајмува ниту леб, ниту сол, бидејќи се смета дека финансиската сигурност ќе го напушти домот.

За парите да ви ја „сакаат“ куќата и буквално да се лепат за вас, на денот на исплата на платата не треба да земате ни еден денар од вашата сметка. Целата плата треба да преноќи во вашиот дом, односно на вашата сметка.

Навики што привлекуваат пари во куќата

Нашите баби и дедовци сметале дека ако ги чистите трошките од масата со голи раце или свиркате во куќата, парите едноставно ќе го заобиколуваат домот. Затоа ги полнеле џебовите од облеката во плакарот со ситни книжни пари.

Домаќинките ја крпеле и најмалата дупка во џебот затоа што верувале дека парите така полесно заминуваат. За да имаат што повеќе пари во куќата внимавале на ниту една кошула или капут да не им фали копче, а откако ќе ја сметеле куќата или дворот, ја оставале метлата со рачката надолу.

Украдено – проколнато или Како дошло, така отишло

Парите добиени со коцкање, најдените, оштетените банкноти или рѓосани монети не носат среќа, па нашите предци не ги чувале во паричникот, туку во првата прилика ги давале на сиромасите или ги трошеле што е можно поскоро.

Голема банкнота – финансиски талисман

Постарите во минатото банкнотата со најголемата вредност што ја имале во домот ја чувале една година бидејќи мислеле дека ќе го наполни домаќинството со енергија и ќе почне да привлекува пари во домот.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....