4.8 C
Скопје
22:13 - 11 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Врнежи претежно од снег, проверете кога!

– Како што најавивме до вторник ќе има врнежи претежно од снег и тоа од локален карактер и повеќе застапени во западните и во југозападните предели. Ќе дува и северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет. Постабилно и релативно суво време се очекува да имаме од среда па натаму. Што се однесува до температурите и тоа под влијание на студениот воздушен бран ќе бидат релативно ниски, особено наутро кога понекаде ќе се спуштаат дури и до околу -10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава. И во Скопскиот регион до вторник ќе има услови за провејување на снег, или мешавина од дожд и од снег. Ќе дува и северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 6 степени. Инаку досега се измерени нови 40 сантиметри снег во околината на Битола, поточно во село Цапари. Снежната покривка и понатаму ќе се зголемува со оглед на тоа дека во следните неколку денови ќе има нови снежни врнежи.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....