06:34 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ни доаѓа дожд, проверете кога

– Како што најавивме, утре и во сабота времето во Македонија ќе се задржи претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Утре и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има појава на повремен локален дожд. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Според Попоски, во Скопје и околината утре и во сабота времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека од недела ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има услови за повремен дожд. Температурите во текот на следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 17 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....