11.8 C
Скопје
19:24 - 13 март, 2026

Славчо Попоски најавува голема промена на времето и дожд, еве кога

– Уште денес и утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО преку ден со температури кој понекаде ќе се искачат и до 15 степени. Особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во оние котлини кој се наоѓаат Долж Повардарието.
ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето ќе има веќе од понеделник попладне и навечер, а особено во вторник кога насекаде ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (на повисоките планински места со висина и од над 20 цм).
Поради продорот на постуден воздух од север, снежната граница во вторник попладне, навечер како и во текот на ноќта кон среда понекаде ќе се спушти под 1000 м.н.в, со што врнежи од дожд и снег, или мокар снег ќе има и во некои пониски населени места. Во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, кој во вторник попладне и навечер че го промени правецот во северен и ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет.
Поради засилениот ветер, КОНЕЧНО ќе дишеме ЗНАЧИТЕЛНО ПОКВАЛИТЕТЕН воздух низ котлините, вклучувајќи ја и Скопската котлина, што значи дека се очеку ГОЛЕМО РАСЧИСТУВАЊЕ на воздухот. Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и конечно ќе имаме постудени денови – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо
Се вчитува....