04:24 - 6 април, 2026

Скопје за старт на европската турнеја на DERUN

Мега популарното музичко дуо од Турција Derun доаѓа на европско тло и ја носи енергијата од забавите во Тулум.

Тие доаѓаат во Скопје по тримесечната турнеја низ Јужна и Средна Америка, и токму од тука, од Скопје ќе го стартуваат европскиот дел од истата.

А нема подобро место за старт на уште една убава и успешна приказна од првиот музички бар (Intermezzo music bar) и во рамки на Интермецо музичките ритуали – фестивал кој имаше и свое летно издание, а кој почна со одличниот настап на Space Motion.

Нивните музички сетови се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика, преовладуваат етно и балкански ритми, со длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега.

И тоа не е сè, дел од сценариото на музичката приказна за која веќе се зборува ќе бидат и Нико Диамантопулос, Христос Фуркис, Крис ИДХ, Валерон, Тебра, Ланка, Сатори, Оливер…

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....