3.8 C
Скопје
02:23 - 21 декември, 2024

Што сакаат мажите во емотивната врска: Студијата донесе нови резултати

Студијата покажа дека мажите сакаат женски комплименти.

Социјалните норми во врските најчесто диктираат дека мажите се тие што треба да покажат желба и да иницираат секс, додека чувството дека тие самите се посакувани е сокриено.Сепак, новото истражување покажа дека за мнозинството мажи е многу важно да почувствуваат дека нивната партнерка ги смета за привлечни, дека им значи кога тоа и ќе го покажат, како и дека би сакале нивните партнерки почесто да иницираат секс.

Фото: Архива

Бројни студии проучувале колку е важно чувството на привлечност за женската сексуална возбуда, но оваа област е многу помалку проучена кај мажите.

Авторката на студијата, објавена во списанието Journal of Sex & Marital Therapy, психотерапевтката Сара Хантер Мареј, вели дека во текот на нејзината кариера забележала дека темата за машката сексуална желба се зема здраво за готово и често се игнорира.

„Најчесто, претпоставките се дека нема што да се учи за машката сексуална желба, дека е едноставно и површно. Тогаш сфатив дека навистина треба да разговарам со мажите за тоа“, објаснува Хантер Мареј.

Имајќи го предвид недостатокот на истражување со оваа тема, започнала студија со примерок од повеќе од 300 мажи, на возраст од 18 до 65 години, кои се во хетеросексуални врски со траење од 7 месеци до 45 години.

Фото: Архива

Мажите биле прашани колку е важно за нив, нивната партнерка да ги смета за сексуално привлечни, а потоа да опишат што прави партнерката за да им го покаже тоа и дали има работи или гестови кои би помогнале за да се почувствуваат посакувано.

Речиси сите испитаници, 95%, рекле дека им е многу важно да видат дека се сексуално привлечни за својот партнер.

На прашањето како нивните партнерки им го даваат тоа до знаење, 41 отсто од испитаниците одговориле дека партнерките вербално им укажуваат за нивната привлечност, 34 отсто со допир, 28 отсто со започнување на физичка активност, а само 19 отсто одговориле дека нивните партнери се ентузијасти и возбудени за време на сексот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....