10.8 C
Скопје
22:36 - 15 октомври, 2026

Зошто повеќето луѓе не се сеќаваат на своите соништа?

Unsplash

Начинот на кој се формираат нашите соништа остана мистерија во научните кругови. Денес знаеме дека нашиот мозок конструира соништа од нашите спомени кои се присутни во секојдневниот живот, како и од потсвеста.

Unsplash
Unsplash

Ова значи дека неодамнешните спомени во комбинација со информациите што сме ги чувале во последниве години, како спомени, трауми, емоции и чувства – создаваат мистериозни, понекогаш апсурдни соништа.

Сепак, сè уште не е може да се утврди зошто нашиот ум патува на одредени места навечер или зошто избира одредени спомени, бои, гласови, сцени или луѓе. И додека некои луѓе често се присетуваат на своите соништа, други имаат проблем со тоа.

Постојат многу причини зошто не можете да се сетите на она што сте го сонувале:

Стрес

Истражувањата покажаа дека стресот не само што ја нарушува и скратува РЕМ фазата на спиење, туку исто така го зголемува бројот на будења во текот на ноќта. Двете можат да го отежнат запомнувањето на она што сте го сонувале.

Unsplash
Unsplash

Исхрана

Важно е да се избегне храна што го нарушува спиењето – тешка и богата храна, масни и пржени оброци, зачинета храна, но и газирани пијалоци.

Траума

Траумата е слична на стресот, но многу поинтензивна. Ова лесно може да доведе до несоница, но и целосно да го потисне сеќавањето на соништата во обид да ги заборавите болните кошмари што е можно побрзо.

Unsplash
Unsplash

Стимуланси

Препорачливо е да се избегнуваат кофеин, никотин или алкохол пред спиење, бидејќи сето тоа го нарушува спиењето. Иако се чини дека алкохолот придонесува за побрзо заспивање, тој всушност го нарушува спиењето во втората половина на ноќта кога започнува и варење на тој алкохол во нашиот организам.

Одредени лекови

Според експертот за спиење и професор во Њујорк, Гардин Жан Луис, одредени лекови можат да влијаат на РЕМ фазата на спиење или да предизвикаат кошмари.

Нарушувања на спиењето

Сè има влијание, од несоница до апнеја при ноќното спиење, може негативно да влијае на циклусот на спиење.

Unsplash
Unsplash

Брзо будење

Според психологот и експерт за соништа, Рубин Најман, пребрзото будење може да направи да ги заборавите вашите соништа.

Незаинтересираност

Авторот и експерт за луцидни соништа Роберт Вагонер еднаш спомена дека некои луѓе едноставно ги интересира што сонувале, додека други не. И, ако не ве интересира нешто, нема да му придавате важност, пренесува „Mind Body Green “.

Слични објави

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

VILLA DIVA – Амбиент создаден за големи моменти

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....