22:17 - 22 декември, 2024

Зошто храната што „крцка“ ни е повкусна?

Кога ќе размислиме за работи кои ни прават задоволство и уживање во храната, прво на памет ќе ни дојде вкус и мирис на некое јадење. Исто така, многу е важно дали оброкот ни е убаво сервиран, односно дали им се допаѓа на нашите очи, а донекаде ни е битна и неговата текстура.

Од друга страна, малкумина со храната би го поврзале звукот кој го произведуваме додека ја џвакаме или би помислил дека тој е воопшто битен за нашата перцепција на она што го јадеме. Меѓутоа, истражувањата утврдиле дека звукот и тоа како може да влијае на тоа колку некоја намирница ќе ни се допадне, понекогаш е посилно од сите останати сетила.


Како што покажале бројните студии, во самиот врв на омилената храна, кај поголемиот број од луѓето се наоѓа онаа која може да се опише со зборовите „крцкаво“, „пуцкасто“, „да крцка“… Науката тоа го објаснува со тоа дека овие особини всушност ни соопштуваат многу важна информација – дека храната која ја јадеме е свежа.

Чарлс Спенс, професор по експериментална психологија од Универзитетот во Оксфорд, утврдил дека крцкавата храна во нашата уста прави своеврсна музика, која исклучително добро им одговара на нашите уши. Всушност, истражувањето кое утврдило дека „што покрцкав звук произведува додека го јадеме, тоа повкусен ќе ни биде“, тимот во 2008 година добил и Иг-Нобел во областа на нутриционизмот, награда која се доделува на помалку забавни, но ништо помалку вредни научни достигнувања.

Но, науката отишла и чекор подалеку. Не само што предизвикува пријатни сензации крцкавата храна која ја јадеме, туку чувствуваме и уживање кога некој друг ќе јаде чипс.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....