8.8 C
Скопје
12:02 - 1 април, 2026

Викендов во Велес ќе се одржи мини Олимпијада – првите Спортски велешки игри

Околу 400 спортисти од Македонија ќе бидат учесници на првите Спортски велешки игри – Атлантис Инвест Груп. Игрите ќе траат четири дена, а спортистите, од кои поголем дел активни, ќе се натпреваруваат во мал фудбал, одбојка на песок, баскет и тенис. Настанот ќе се случува на спортските терени на Градскиот парк.
„Почуствувавме дека на Велес му недостасуваа спортски настани. Градот е со богата спортска традиција, сака да се врати на старите спортски патеки. Идејата за настанот ја ставивме на хартија, ја промовиравме пред Општината и како и што очекувавме, наиде на одобрување. Пред околу еден месец започнаа првите подготовки. Идејата ја препозна и компанијата Атлантис Инвест груп, која комплетно застана зад игрите и затоа тие и се насловени по името на генералниот покровител“, велат организаторите од Евентиве.
За прв пат во Велес ќе се игра баскет на специјална подлога. За добар натпревар неопходен е добар терен, затоа и организаторот очекува специјалната подлога да биде дополнителна причина за пријавување на повеќе екипи. Обновени се и останатите спортски терени.

„Досега за учество пријавени се 14 екипи во мал фудбал, за баскет натпреварите пријавени се 15 екипи, одбојка на песок 40 , 35-мина засега се пријавени за тенис натпревари. На оваа бројка на учесници треба да се додадат и учесниците во саботниот натпревар bench press&deadlift“, велат од Евентиве.
Вкупниот фонд на награди е 450 илјади денари. Спортските игри се поддржани од Општина Велес, а главен покровител е Атлантис Инвест Груп.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....