05:41 - 3 април, 2026

ВИДЕО: Трик со кој ќе ја спасите вашата пегла од загорените наслаги

Модерните пегли имаат „паметни“ плочи кои се прилагодуваат на секоја ткаенина, а на малку постарите модели потребно е да ја менувате јачината на температурата, што често завршува со тврдокорни, загорени дамки.

Темните наслаги кои настануваат на плочата од пеглата ги уништуваат влакната на ткаенината на која остануваат загорени дамки.

Меѓутоа, таквата пегла не треба да ја фрлате – постои едноставен, брз и многу практичен и делотворен трик кој ќе ги отстрани и најтврдокорните наслаги од дното на пеглата.

Се што ви е потребно е обична таблета парацетамол и вашата пегла ќе биде како нова.

За спасување на пеглата ви се потребни само пет минути. Загрејте ја на најсилна температура, а таблетата парацетамол фатете ја со пинцета за да не се изгорите. Со неа поминувајте по дното на пеглата, триејќи ги загорените дамки.

Нечистотијата ќе стане течност, па затоа пеглата пројдете ја неколкупати преку крпа. Наслагите ќе исчезнат веднаш.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....