3.8 C
Скопје
23:51 - 10 март, 2026

Ви отекуваат нозете? Без грижа, овој напиток ќе ги елиминира отоците!

За да го спречите отекувањето на нозете во топлите денови, треба листовите од нозете да ги туширате со ладна вода, избегнувајте да ги прекрстувате нозете, не стојте долго во место, а можете да направите и природен напиток кој многу ќе ви помогне.

Топлината може да биде погубна за нозете, бидејќи предизвикува отекување. Доколку пак патувате или долго седите, ваквите проблеми се речиси неминовни.

Доколку често имате проблем со отечени нозе, кога сте дома во слободно време држете ги нозете подигнати.

Овој природен напиток ќе ви помогне да ги отстраните отоците.

Исецкајте листови магдонос и прелијте ги со 4 дл вода, поклопете и оставете ја смесата преку ноќ да отстои. Наутро процедете ја течноста и додадете сок од еден лимон и напитокот е готов. Овој напиток потребно е да го пиете три пати на ден, поделете ја смесата на три еднакви делови.

Можете да пробате и со други рецепти. Во литар вода додадете четири лажици ленено семе и ставете ги на оган да се варат 15 минути, поклопете и оставете да отстојат на топло место еден час, па додадете сок од лимон. Пијте го овој напиток на секој половина час се додека не го испиете. Постапката повторувајте ја десетина дена.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....