3.8 C
Скопје
06:07 - 21 декември, 2024

Стереотипи за жените во кои треба да престанете да верувате!

Многу друштвени недоразбирања би биле рашени кога мажите и жените би почнале отворено да разговараат за се.

Голема културолошка грешка е непрекинатата навика да претпоставуваме работи за другите наместо да поставуваме прашања и дознаваме повеќе за оние кои од нас се разликуваат.

Не треба да се верува во се што ќе се слушне од медиумите или луѓето. Доколку како општество би биле поотворени за запознавање на она што ни е непознато кај другите, би имале многу повеќе разбирање. Дури и кога станува збор за полот, во овој случај женскиот, митови кои се непроверени или неточни толку многу се распространети што е нужно да се побијат одлучно.

Следат неколку митови за жените кои ќе ве натераат да се запрашате за тоа колку сте навистина упатени во светот околу себе, пренесува Bored Panda.

1. Русокосите се глупи.

2. Да се биде феминистка значи да се верува дека жените се подобри од мажите. Покрај тоа, феминистките се мизантропи.

3. Тврдењето на некои мажи, кои неретко и самите имаат „краток фитил“, дека изворот на села нервоза кај жените е менструалниот циклус.

4. Сите жени обожаваат шопинг.

5. Жена во науката не може да ја сфати сложеноста на својата струка на ист начин на кој што може мозокот на маж.

6. Редовите пред женскиот тоалет се секогаш долги, бидејќи жените се „тетки“ кои озборуваат.

7. Единствено нешто за кое малите девојчиња мечтаат е нивната венчавка кога ќе пораснат.

8. Причината поради која една жена не поднесува друга, секогаш е љубомората.

9. Жените уживаат во дофрлањата и свиркањата на улица, бидејќи тоа им ја зголемува самодовербата.

10. Мажот е тој кој во домаќинството ги прави поправките. Жените не знаат да се справат со алатот.

YouTube

11. Жените се плашат од глетката на крв.

12. Задолжително е жените да го отстранат секое влакно на своето тело, освен на косата, веѓите и трепките.

13. Секоја жена исто ја доживува бременоста.

14. Жените ги сакаат истите работи и зборат на ист начин за се.

15. Породилното е одмор за мајката.

16. Штом жената повраќа, сигурно е бремена.

17. Грижата за домаќинството е обврска на жената.

18. Жените се ирационални поради своите хормони.

19. Се што ќе каже жената, го мисли спротивното.

20. Секоја жена сака деца и треба да биде мајка.

21. Жените, за разлика од мажите, автоматски имаат подршка во друштвото.

22. Единствен жанр на филмови кој ја интересира жената се романтичните комедии.

23. Се што жената прави од начинот на облекување и шминкање, до работата со која што се занимава, има за цел да ги привлече мажите.

24. Сите жени ја сакаат розовата боја.

25. Женствените девојки се глупи.

26. Жените можат да бидат резервирани за време на менструацијата.

27. Советот на било која жена за купување поклон на друга жена е исправен, бидејќи целиот женски род има исти интереси.

28. Било што во врска со ендометриозата, состојбата која го карактеризира местото и растот на ткивото ендометрија (внатрешниот слој на матката) надвор од ендометријата и миометријата на матката, воглавно е погрешно сфатено.

29. Доколку жената се кандидира за некоја политичка позиција, останатите жени мора да гласаат за неа.

30. Жените се послабиот пол.

Ова се само 30 издвоени митови. Целосната листа на сите неточни и непроверени измислици за женскиот род, би ја составувале со години и никогаш не би ѝ се видел крајот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....