-0.2 C
Скопје
05:18 - 22 ноември, 2024

Шекспир ја преживеал чумата, а Волт Дизни шпанскиот грип: Како пандемиите влијаеле врз културата!

Уште од античките времиња па се до денес епидемиите ја менуваа судбината на човештвото, делуваа на сите сегменти од животот на многу заедници и држави, па и континенти. Но, тие влијаеа и на културата, па истото сега се случува и со пандемијата на коронавирусот.

Коронавирусот во Кина директно влијаеше и на Холивуд. Приходите од кинеските влезници во три недели од 24 јануари, кога многу кина почнаа да ги затвараат вратите поради страв од вирусот, изнесуваше 3,9 милиони долари. Претходни години, приходот за истиот тој период од три недели – кој е непосредно после Кинеската нова година, според претходни години бил еден од најпрофитабилните во историјата на кинематографијата – заработувале по 1,52 милијарди долари.

Сличен пат на приходи се очекува и од кино влезниците во Европа. Но, запрени се и снимањата на нови филмови. Парамаунт ја застана продукцијата на „Невозможна мисија“ во Венеција, каде на почетокот се планираше снимање кое ќе трае 3 недели. Том Круз не се ни појави на сетот поради ситуацијата во Италија.

Ролинг Стоунс ја одложија својата турнеја низ Америка која требаше да почне кон крајот на април. Како што стојат работите во Франција, нема да се одржи ниту Филмскиот фестивал во Кан кон крајот на мај.

Коронавирусот е посилен и од Џејмс Бонд. Филмот ќе го видиме дури за 7 месеци. Продуцентите изјавија:

„Откако внимателно ја проучивме ситуацијата и го проценивме глобалниот пазар и кинодистрибуција, се одлучивме за ваков потег. Ова треба да биде последниот Џејмс Бонд во кој славниот јунак го игра Даниел Крег.

Да се вратиме малку во историјата. Чумата ширум светот однесе многу животи, а само во Европа кон средината на 14 век владеела пандемија која за 4 години усмртила милиони луѓе. И денес во многу средновековни цркви постојат фрески со мотиви од танц на мртовци кои всушност ја покажуваат пандемијата на чумата. Многу книги, а во современа доба и многу филмови ја тематизираат чумата, па така ова оддамна искоренета болест денес е составен дел од нашата култура.

Чума, тифус, шпански грип, ХИВ, маларија – се само некои од епидемиите кои го поминаа светот и од кои умирал дури и обичен пајак, но и писатели, сликари, па и државни поглавари и војсководци поради што постојано се менувале и границите на државите.

Среќа, епидемијата од чума ја преживеа Шекспир. Некои шекспиролози тврдат дека благодарение на таа епидемија светот денес е побогат со неговите дела, како „Кралот Лир“, „Магбет“, „Антонија и Клеопатра“. Всушност, додека на театарските работници им било забрането да работат, баш како денес поради пандемијата, Шекспир затворен во куќата имал време на мир да ги пишува своите нови дела. Некои тврдат дека во тоа време имало многу млади и талентирани писатели, но повеќето од нив ги усмртила чумата, па и тоа е една од причините зошто Шекспир и денес е толку славен.

View this post on Instagram

The scream. By Edward Munch. One of the most recognizable paintings ever created, depicts a man encompassed in anxiety, anguish, pain and distress; as two of his companions leave him on his own. The picture is self explanatory, telling you about a man's descent in madness from what he learns about this world. I have been this way since the last week. I have always longed for a sense of belonging. Some place other than my home, to call my home. Because at home I can be anything I want. In the confines of home, I can be the greatest athlete, the greatest painter, or the strongest man to have ever lived, the place where I can be me. That other place is with friends. What dreadful moment when you can't be what you are with your friends, when your friends don't let you be what you want to be. When these friends judge you, especially when you try not to confine to the societal dogmatism, especially when that was the reason you became friends with them, especially when you tried explaining it to them a hundred times. #depression #edwardmunch #painting

A post shared by Mohtashim Sadiq (@mohtashimsadiq) on

Сепак, неговото семејство не останало цело. Две сестри – Јоан и Маргарет умреле како бебиња, а чумата го убила и синот на Шекспир, Хамнет кога имал само 11 години, па оваа трагедија го поттикна славниот автор да ја напише „Ромео и Јулија“.

Пред околу 100 години, поточно во 1918 години, пандемијата „шпански грип“ е една од најлошите која што ја памети човештвото. Починаа и многу уметници. Една од жртвите е и австрискиот сликар Густав Климт кој имал 58 години. Од овој грип починал и словенскиот писател Иван Цанкар. Но, грипот го надмина норвешкиот сликар Едвард Мунч, автор на потресната слика „Крик“.

Грипот го поштедил и Волт Дизни кој тогаш имал 17 години и од сосема авантуристички побуди се придружил на единиците од Црвениот крст во Европа. Тогаш, тој западнал во вистинскиот пекол и помагал на тешко болните. Среќа, тој ја преживеал пандемијата и развесели милијарди деца ширум светот правејќи ги нашите омилени јунаци од цртаните филмови.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....