13.8 C
Скопје
15:49 - 18 декември, 2024

Сексуалните апетити на најпосакуваните жени во светот 3: Мата Хари одела во јавна куќа за да се одмори

Ќе останат запаметени како најфатални заводнички на сите времиња.

Биле најпосакувани жени во светот, имале многу стил, но и неверојатен апетит за сексуален живот.

Одела во јавна куќа за да се одмори

Холанѓанката Мата Хари (187601916) спиела со огромен број на мажи не само поради дознавање на воените тајни туку и за пари. Во нејзината клиентела, покрај повеќе француски министри, спаѓал и тогашниот холандски премиер, германскиот престолонаследник и многу влијателни мажи од политичкиот свет. Поради тоа ја викале „интернационална проститука“. Нејзиниот прв маж бил многу суров кон неа, па се претпоставува дека токму поради тоа Мата Хари одлучила да се пушти „во промет“. Тоа што е најинтересно во биографијата на оваа љубовница е дека одела во јавни куќи по неколку дена за да се одмори и да ужива.

Image result for mata hari profimedia

 

Шеикот ја протерал големата кралска заводничка

Уште една голема заводничка била англиската авантуристка Леди Џејн Еленсбороу која на листата на своите љубовници го имала и кралот Лудвиг Баварски, ама и неговиот син Ото, потоа кралот на Грција и писателот Балзак. Кога имала 73 години во својот дневник напишала „Поминаа веќе 20 дена откако Медјуел последен пат со мене спиеше. Очајна сум.“

Со љубовници до самата смрт

Големата француска театарска дива Сара Бернар пред својата смрт изјавила дека без сомнеж била најголема љубовница на своето време. Иако не била убава, црвенокосата Сара со своите 152 сантиметри го спобудалела и самиот Наполеон Трети, но и писателот Виктор Иго. Иако не била надарена со убавина, заведувала со гласот, еротичноста и волшебната женственост. Слабост и биле мажите и сексот. Сите кои ја познавале ја нарекувале Божествената Сара, а едно списание објавило напис со наслов Љубовниците на Сара Бернар исполнувајќи ги сите свои страници. Се зборувало дека според бројот на мажите кои завршиле во нејзиниот кревет била рекордерка! Во една театарска несреќа, 1915 година, под сомнителни околности тешко е повредена. Добила гангрена, па ногата и била ампутирана. Умрела во 1923 година, во 69-та година од својот живот, а нејзината постела наводно се до смртта секојдневно била полна со љубовници кои зборувале дека нејзината убавина е неверојатна и во тие нејзини години.

Image result for sara bernar

Постојат уште два интересни податоци од биографијата на Божествената Сара, забележани од Оскар Вајлд, а тоа е дека имала над 1.000 љубовници главно од уметничкиот свет и дека често спиела во мртовечки ковчег од грдо дрво кој бил исполнет со писма од обожавателите.

Љубовта на кралот се нудела на селаните

Љубовницата на Наполеон, Паулина Бонапарта Боргезе, била толку страсна што после секој сексуален чин преморена лежела во кревет и морале да ја пренсеуваат на носилки. На 15 годишна возраст веќе заведувала. Имала мала, убаво обликувана глава, убави светло-смеѓи очи, прекрасен тен, преубави заби кои светкале како бисери. Била свесна за своето убаво тело и гради. Ја обожавале политичарите и богатите, а тоа таа го искористувала. Невиноста ја загубила на 16- годишна возраст од двојно повозрасниот влијателен функционер. По смртта на мажот била тажна, но само поради тоа што Наполеон не и дозволувал да се сретнува со други мажи. Била нимфоманка, а се тежела со фактот дека токму црнината што ја носи ја прави многу секси. Наполеон не го сакал нејзиното раскалашено однесување, па едноставно ја омажил со италијанскиот принц Камило Боргезе. Но Паулина не била среќна и зборувала за лошите сексуални можности на мажот. Иако Наполеон и доделил царска титула, таа и понатаму се однесувала провокативно па облечена само во долна облека им се нудела и на селаните. Умрела на рацете на својот поранешен маж Камило Боргезе кој и покрај нејзиното бесмрамно однесување ја прифатил со раширени раце.

Image result for pauline bonaparte borghese

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....