10.8 C
Скопје
02:09 - 4 април, 2026

Се бараат кандидати кои за 11.000 евра ќе лежат 30 дена на кревет

Невообичаена, но многу добро платена работа се нуди во Германија. Германскиот воздухопловен центар (ДЛР) во Келн бара 12 мажи и 12 жени за истражувањето кое трае 60 дена.

Од тие 60 дена, 30 одмораат во кревет, а надоместокот за учеството е 11.000 евра, пишува списанието „Феникс“.

– Но, тоа не е баш лесна заработувачка. Не е во прашање само лежење и одмор – рекла Андреа Ниче од ДЛР.

Учесниците во студијата мора да останат во кревет 30 дена континуирано, со главата која мора да биде во положба малку пониска од нозете, односно за шест степени.

Тоа на мажите им е особено тешко – објаснува Ниче. Студијата трае вкупно 60 дена, вклучувајќи две недели аклиматизација и две недели последователна нега.

Слични истражувања веќе се спроведени во ДЛР. Тие се користат за истражување, кои контрамерки можат да се преземат против дегенеративните промени кај астронаутите.

Покрај строгиот одмор во кревет, треба да се симулираат ефектите на бестежинска состојба во вселената.

Учесниците мора да исполнат голем број барања. Тие мора да бидат на возраст меѓу 24 и 55 години, да имаат индекс на телесна маса или БМИ меѓу 19 и 30 и да бидат високи помеѓу 1,53 и 1,92 м.

Покрај тоа, апликантите треба да бидат ментално и физички подготвени и здрави.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....