13:17 - 5 април, 2026

Принцот Хари се обрати првпат по Мегзит: Видеото за половина час го погледнале половина милион луѓе

Војводата од Сасекс, принцот Хари, ѝ се обрати на јавноста првпат по драмата што ја тресе Велика Британија и кралското семејство, откако тој и неговата сопруга Меган Маркл одлучија финансиски да се осамостојат.

На официјалниот инстаграм-профил на војводата и војвотката од Сасекс објавено е обраќањето на Хари, а тема се спортските игри.

И покрај хаосот во кој се наоѓа, принцот продолжил со своите обврски, а на социјалните мрежи зборувал за „Инвиктус“-игрите – спортски настан за повредените воени ветерани, чиј основач е принцот Хари. Тој зборува за силата на игрите за излекување на семејствата. Во нив ранетите, повредените или болните припадници на вооружените служби, како и ветераните, му покажуваат на светот за што се способни во адаптивните спортови – од кошарка во инвалидски колички до веслање во затворено.

Принцот Хари 10 години им служел на вооружените сили, а преку видеото испрати јасна порака, која за само половина час ја погледнаа половина милион луѓе.

„Се надевам дека сите во Германија се подготвени за неверојатна недела на спортови. Не се сомневам дека германската јавност ќе ги поддржи игрите и дека секој натпреварувач може да очекува срдечно добредојде“, рекол принцот Хари во обраќањето.

Тој најави дека следните спортски игри за воени ветерани ќе се одржат во 2022 година во Дизелдорф, Германија.

Слични објави

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....