-4.2 C
Скопје
03:08 - 23 декември, 2024

Приказни од ЗЛОСТАВУВАНИ ЖЕНИ кои го шокираа БАЛКАНОТ: Професор заклучил ученичка во кабинет, па почнал со своите БОЛНИ дејствија

Движењето „Me Too“ откако стана актуелно во Америка, наеднаш се прошири и низ целиот свет.

Приказни за жени кои се сексуално злоставувани од претпоставени на работа, пријатели и партнери, буквално оставаа без зборови милиони луѓе кои ги читаа и слушаа нивните исповеди.

Оваа акција им даде храброст и на многу жени од Балканот да се отворат, а нивните приказни станаа тема бој еден во регионот.

Нена Надаревиќ (33) пијар менаџер на популарна козметика, инаку ќерка на славниот актер Мустафа Надаревиќ (76), кон почетокот на неделата на својот Интаграм профил објави серија на постови за важноста на филмот „Bombshell“, кој се прикажува во хрватските кино сали.

Таа со својата реакција предизвика лавина од реакции на многу жени од регионот кои ја следат, па за помалку од една недела стотици анонимни жени и ги пренеле своите искуства во пораки за тоа како биле сексуално вознемирувани и злоставувани.

Сексуалното вознемирување е присутно насекаде, а како доказ за тоа ја имаме и приказната за девојка која била нападната од масер додека била на масажа.

Кога ниту тоа не му било доволно, тој ја зел нејзината рака и ја ставил на своите гениталии.

Се јавила и девојка која ваков тип на злоставување трпела од својот шеф на работа. Како што опишала, таа се соочувала со навреди, мобинг, а кога не била физички на работа, пеколот продолжувал преку телефон.

Имало и такви девојки од Балканот кои споделиле искуство за напади на јавни места, како девојка која доживеала маж да ејакулира на нејзината сукна во автобус.

Помеѓу најчестите злоставувачи се и професорите во училиштата, за што сведочи и приказната на девојка која посетувала музичко училиште.

Таа го опишала злоставувањето кое го доживеала нејзина другарка, која еден угледен професор ја заклучил во својот кабинет, а потоа побарал таа да држи чашка во која по мастурбирањето ејакулирал.

Овие примери, како и многуте други кои и биле испратени во порака на Надаревиќ, покажуваат дека сексуалното злоставување врз жените и тоа како е присутно и на Балканот, како и дека треба да се направи нешто во врска со тоа.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....