4.8 C
Скопје
08:25 - 14 март, 2026

Полни со бактерии: Работи од кујната кои се опасни по здравјето

Unsplash

Постојат работи што ги користиме секој ден во нашата кујна и ни се чинат чисти и безбедни за употреба, но никогаш не сме размислувале за тоа колку можат да бидат невидливо валкани и опасни по нашето здравје.

Unsplash
Unsplash

Пластични контејнери за храна

За да ја направат пластиката флексибилна, некои производители додаваат специјални хемикалии кои можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Кујнски мијалник

Ако честичките од храната од садовите останат некое време во вашиот мијалник, тие почнуваат да создаваат плодна почва за бактерии како салмонела и многу други. Кујнскиот мијалник може да биде навистина нечисто место.

Сунѓери за миење садови

Во просечниот кујнски сунѓер бактериите се развиваат многу брзо. Обичното плакнењето на сунѓерот не ја спречува нивната репродукција. За да ги убиете бактериите од сунгерчето, можете да ставите влажен сунѓер во микробранова печка или да го измиете во машина за миење садови.

Unsplash
Unsplash

Даски за сечење

Користете различни даски за сечење месо и зеленчук. Суровото месо може да содржи бактерии кои предизвикуваат сериозни болести. Покрај тоа, никогаш не користете оштетени даски за сечење затоа што пукнатините се совршено место за размножување на бактериите.

Кујнски крпи

Кујнските крпи се една од највалканите работи во кујната. Ги користиме и ги допираме постојано, откако ќе ги измиеме рацете, некогаш претходно, а потоа и за време на готвењето. На овој начин, бактериите можат да влезат во храната што ја подготвувате.

Слични објави

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....