8.8 C
Скопје
11:19 - 1 април, 2026

Почина најнискиот човек на светот: Не се сметам себеси за мал (ФОТО)

Кагендра Тапа Магар од Непал, кој официјално е најнискиот човек на светот кој можел да се движи, починал од воспаление на белите дробови на 28 години.

Кагендра бил висок само 67,08 сантиметри, а од Гинисовата книга на рекорди соопштија дека малиот раст не го спречил да води живот каков што сака.

Крејг Глендеј, уредник на Гинисовата книга на рекорди, рекол дека по смртта на Кагендра бил „ужасно тажен“.

Неговата насмевка беше толку заразна што тој ги топеше срцата на секого кој ќе го запознаеше – рекол Глендеј.

Најнискиот човек на светот кој може да оди ја доби оваа титула во 2010 година на својот 18 роденден.

Не се сметам себеси за мал, јас сум голем човек. Се надевам дека титулата ќе ми овозможи да го докажам тоа и да му обезбедам убав дом на моето семејство – рекол тој на свеченоста на прогласувањето.

Гинисовата книга на рекорди има две категории за избор на најниски луѓе – подвижни и неподвижни.

Фото: Профимедиа

Филипинецот Џунреј Балавинг, кој не може да оди е висок 59,93 сантиметри.

Кагендра, по смртт му ја предаде титулата на сонародникот Чандри Бахадура Данги, висок само 54,6 сантиметри, но во 2015 повторно му ја презеде по смртта на Данги.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....