1.8 C
Скопје
16:54 - 23 декември, 2024

ПМС: 10 причини зошто е прекрасно да се биде жена, а има и уште…  

Современите жени беспрекорно управуваат со семејниот буџет и имаат целосна контрола врз финансиската состојба, дури и тогаш кога, попатно, ќе си купат два-три пара „непријавени“ чевличиња и уште толку „прошверцувани“ козметички препарати.

Да си признаме, да се биде жена не е баш лесна работа. Колку пати само сме си помислиле „уф, како не се родив маж“. Но, таа воздишка бргу ни минува кога само ќе се потсетиме на сите наши неверојатни предности.

Прво, прекрасно е да се биде жена бидејќи даваме нов живот. Девет месеци го чувствуваме плодот на љубовта како расте во нашиот стомак, а потоа, први го земаме в прегратка. Дури и кога ова звучи тривијално, факт е дека тоа е најубавиот момент во животот од кој се лишени мажите. Второ, иако изгледаме кршливи, и иако не нарекуваат „послабиот пол“, жените се вистински воини, потолерантни сме на болка и поиздржливи на психичка болка, што е многу поважно на „долги патеки“. Трето, ниту се плашиме ниту се срамиме да си ги покажеме нашите слабости и емоции, да пролееме некоја солза, а солзите се, нели, спасителки на душата. Четврто, можеме да сработиме куп работи истовремено, без да опцуеме и без да загубиме концентрација. Родени колекционерки сме на обврски, состаноци, одговорности и „завртени“ ракави, и постојано си ја надополнуваме колекцијата без никаков страв. Петто, никој подобро од нас не знае да испланира трошок. Современите жени беспрекорно управуваат со семејниот буџет и имаат целосна контрола врз финансиската состојба, дури и тогаш кога, попатно, ќе си купат два-три пара чевличиња и уште толку „прошверцувани“ козметички препарати. Шестто, во „лошите денови“ можеме да се нашминкаме толку вешто што никој нема да познае дали сме ја преспале ноќта или не, за разлика од нив кои постајано мора да се справуваат со своето здодевно лице. Седмо, совршени преговарачи сме. Нека крене рака оној кој никогаш не направил компромис со жена?! Дури и кога не сме во право, секогаш сме во право. Зашто секогаш го наоѓаме начинот како водата да ја завртиме на нашата воденица, и да излеземе како победници. Осмо, имаме вродено чувство за дотерување, па бескорисно е да се предизвикува жена кога станува збор за мода. Секако, постојат неопходни исклучоци, но ѝ таквите, нивните партнери редовно ги консултираат што да облечат при важен настан. Деветто, може да доживееме повеќе последователни оргазми и глупаво е да се игнорира тој факт на кои мажите нѝ завидуваат. Не е за потценување ни фактот што знаеме да одглумиме оргазам; тие, мало морген. Десетто, може да кажеме колку се глупави мажите во нивно присуство без да не сфатат сериозно, иако сме ние мртви сериозни.

А, има и уште купишта причини зошто е поубаво да се биде жена. На пример, може да ја оцениме личноста во целост само со еден поглед на чевлите, може да разговараме со било-кој маж без да замислуваме како изгледа кога е гол, кога танцуваме не изгледаме како жаба во миксер, први избегавме од „Титаник“, не треба да се „начукаме“ за да се забавуваме, не треба да се фаќаме на меѓуножјето, од време- на време, за да се осигураме дека сè уште имаме полов орган, свесни сме дека има моменти кога чоколадото ги решава сите проблеми…

Единствената мала непријатност? Како да се најде вистински, достоен и силен маж за нас.

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....