4.8 C
Скопје
21:15 - 11 март, 2026

Ова се најнеобичните правила во земјите ширум светот!

Старата изрека „Кога си во Рим, прави како што прават Римјаните“, се уште важи секаде, пишува Bright Side. Всушност, кога следен пат ќе патувате негде, информирајте се на време што е дозволено во земјата која ја посетувате, а што не. Секако, многу е побитно да знаете што не смеете да правите во некои држави, со цел да не се посрамотите или да го прекршите законот.

1. Бакшиш во Јапонија

Никој нема да ви се налути доколку не оставите бакшиш во Јапонија, всушност во некои случаеви може да ве сметаат за исклучително непристојна личност доколку оставите бакшиш. Дури можете да видите на крајот од сметката дека пишува како сметката е платена во целост, така што не е потребен никаков бакшиш.

2. Делење на сметката во Франција

Се смета за непристојно доколку дојде до делење на сметката во Франција. Тоа е поради фактот што тие воопшто не сакаат да разговараат за пари. Сепак, доколку се наоѓата во поголема група на луѓе, можете да се одлучите да ја поделите сметката помеѓу себе.

3. Мафтање на било кој во Грција

Во Грција, покажувањето на дланката е поголема навреда отколку поздравот. Тоа за нив е исто како да кажете „Те отфрлам“.

4. Допирање на личност од спротивниот пол во Индија

Во Индија се смета за исклучително непристојно доколку допрете личност од спротивниот пол.

5. Фотографирање без дозвола во Обединетите Арапски Емирати

Спрема сајбет законите во оваа земја, тоа се смета за криминал. За кршење на овој закон може да ве затворат во затвор на 6 месеци и ќе мора да платите казна од преку 136 илјади долари. Ова особено важи доколку поставите фотографија на друштвените мрежи.

Unsplash/Blake Wisz

6. Прескокнување на ред во Австралија

Ова е секогаш табу тема доколку сте во Австралија или Англија. Ова правило важи кога го користите јавниот превоз, во трговските центри, пабови или на било кое друго место. Секогаш чекајте го својот ред и се ќе биде во ред.

7. Шетање по велосипедските патеки во Холандија

Велосипедот е главно превозно сретство во Холандија и секогаш е голема гужва. Значи, доколку се шетате по патеката каде возат велосипедистите, голема е веројатноста дека некој од нив ќе ве удри. Затоа е најдобро да се движите по пешачката стаза и да намалите било какви ризици.

8. Правење на “OK” знак со рацете во Турција

Овој потег во Турција е исто што и покажување на средниот прст. Истото правило важи и за Германија и Бразил.

9. Климање и одмавнување со глава во Бугарија и Албанија

Обичното климање со главата горе и доле значи одобрување, а одмавнувањето со глава лево и десно значи негирање. Важно е да знаете дека во Бугарија и Албанија важи токму спротивното.

10. Хранење на птиците во Сингапур

Хранење на птиците, фрлање на ѓубре било каде и џвакање мастика, ќе ве доведе до огромни казни во Сингапур.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....